Специјалисти по алтернативна медицина, препорачуваат 10 растенија, односно зачини кои треба да се вклучат во исхрана, бидејќи имаат лековити својства. Во прилог на здравствени придобивки, од голема помош се и за одржувањето на младешки изглед.
Куркумата нашироко се користи во Индија. Луѓето погодени од рак и Алцхајмеровата болест го ставаат на врвот на топ листите здрави зачини. Лабораториски студии покажаа дека е ефикасен против ракот на дебелото црево. Со својата убава боја и егзотичен вкус ја збогатува храната направена од грав, компири и зеленчук, риба, јагнешко и пилешко.
Циметот, исто како каранфилот е одличен за третман на артритис и болка во мускулите, а е добар и за елиминирање на бактерии.
Освен циметот и каранфилот делотворно делуваат и мајчина душица, жалфијата, босилекот, ориганото, ѓумбир, мајоранот.