Со проучување на односот меѓу личноста и склоноста кон специфични вкусови, научниците од Универзитетот во Инзбрук откриле дека луѓето кои сакаат горчливо, имаат тенденција повеќе од другите кон садизмот, макијавелизмот, нарцизмот и антисоцијално однесување, пренесува Танјуг.
Тие луѓе, исто така, често се егоистични и многу себични.
Во текот на истражувањето, волонтерите биле изложени на разни категории на вкусови (благо, солено, кисело и горчливо), а потоа морале да ги рангираат по преференциите и да одговораат на прашања кои се однесуваат на нивната личност.
Резултатите од студијата покажаа дека лицата кои уживаат на горчливи јадења и пијалаци имаат симптоми на психопатија.
Како и кај растенијата, чие ниво на горчливост е показател на нивото на токсичност, склоноста кон горчливите вкусови кај луѓето ја покажува нивната потреба да се изложени на опасност, да бараат силни возбудувања.
Колку повеќе личноста била пољубезна и подготвена на соработка, кај неа помалку била изразена потебата од горчливи вкусови.