Според некои симптоми, можете да препознаете кој витамин или минерал ви недостасува и да побарате стручна помош.
Симптоми дека ви недостасува некој витамин:
Умор
Недостаток: железо
Други симптоми: лоша концентрација, лош апетит, темни подочници
Што треба да јадете: црвено месо, јајца, зелен лиснат зеленчук, витамин Ц.
Чувствителна кожа
Недостаток: цинк
Други симптоми: споро зараснување на рани, бели точки на ноктите
Што да јадете: јаткасти плодови, семки, сардина и црвено месо
Проблеми со дигестивниот систем
Недостаток: витамин Б3
Други симптоми: слабост во мускулите, губење на апетит и различни проблеми со кожата
Се препорачува да јадете месо, риба и јаткасти плодови
Грчеви во рацете и нозете
Недостаток: витамин Б6
Симптоми: воспаление на кожата, ПМС, несоница
Јадете ориз, банана, пченка.
Опаѓање на косата
Недостаток: витамин Б9
Други симптоми: бледило, умор, лупење на кожата
Добри извори: џигери, печурки, јајца, риба, целер
Анксиозност
Недостаток: магнезиум
Што да јадете: спанаќ, бадеми и леб од целосни житарки
Недостаток на енергија
Недостаток: магнезиум
Други симптоми: мачнина, слабост и вртоглавица
Што да јадете: риба, минерална вода, зелен лиснат зеленчук, ореви.
Рани во устата
Недостаток: витамин А.
Други симптоми: чести настинки, сува кожа, кожа без сјај
Јадете јајца, сирење, јогурт и џигери.