Јајцата се идеална маска за коса, посебно доколку страдате од масен скалп. Ензимите од белката успешно го чистат темето, додека жолчката од јајцето го потхранува влакното и ја прави косата сјајна.
Еве кои други намирници помагаат во зачувување на здравата и мека коса:
1.Авокадото содржи есенцијални масти кои ја хранат косата. Измешајте едно авокадо со две лажички маслиново масло и нанесете го на чиста коса. Оставете да делува половина час, а потоа исперете со вода.
2.Медот е одличен за сува коса и го спречува пукањето на влакното. По миењето, нанесете околу половина шолја мед на влажна коса, замотајте ја во загреана крпа и оставете да делува околу 20 минути. Потоа, исперете со топла вода и уживајте во сјајната коса.
3.Плакнењето со јаболков оцет е одлично за безживотната и тенка коса. Помешајте 450 мл. јаболков оцет со десет капки есенцијално масло (по Ваш избор) и ваквата мешавина оставете ја да “одлежи” два дена. Потоа, нанесете ја на косата веднаш по шампонирањето, замотајте ја во памучна крпа и оставете да се исуши. Оцетот ќе ѝ даде сјај, но и мекост на Вашата коса.
4.Јогуртот содржи ензими и млечна киселина која помага во потхранување на косата и темето. Нанесете половина шолја јогурт на косата и оставете да делува половина час. Измијте со топла, а потоа со студена вода за да ги затворите фоликулите.
5.Плакнењето на косата со пиво дава неверојатен сјај, но внимавајте пивото да биде на собна температура.