Многу животи би биле спасени доколку наместо комбе за прва помош долета дрон со дефибрилатор.
Во едно истражување во Шведска се покажало дека дронот со дефибрилатор многу побрзо стигнува до лицето кое доживеало срцев удар од комбето за прва помош.
Сите испитувања биле направени во симулирани, а не вистинити ситуации и затоа институциите не можат со сигурност да кажат како сето тоа би се одвивало во вистинскиот живот, но времето за испраќање на дефибрилатор до пациентот преку дрон е драстично помалку во однос на стандардното возило за прва помош.
Диспечерите успеале да испратат дрон со дефибрилатор за 5 секунди додека на возилото му требало три и пол минути да се подготви да тргне. Дронот пристигнал на дестинацијата за 5 минути додека на возилото за прва помош му биле потребни 22 минути.