Овој витамин е од витална важност за нашиот имунитет, за здравјето на коските, а без него телото не може да ги прифати железото и одредени протеини.
Знаци дека ви недостасува витамин Ц:
1. Константно чувство на замор и исцрпеност.
2. Промени во расположението проследени со лутина и нервоза без причина.
3. Пад на имунитетот поради кој телото не може да се бори против вирусите и бактериите кои предизвикуваат инфекции и алергии.
4. Крвавење од непцата и промена на бојата на забите.
5. Појава на модринки без одредена причина.