Децата јадат храна богата со опасни хемикалии!

Група американски научници анализирала 530 различни житарки, грицки и напивки купени во последните пет месеци. Утврдиле дека од 65 отсто од анализираните производи 64 проценти содржат арсен, 58 кадмиум, 36 отсто олово и 10 отсто акриламид, пишува весникот The Independent.

Откриено е дека 80 отсто од адаптираните млека за доенчиња содржат арсен, токсин кој Светската здравствена организација (СЗО – WHO) го поврзува со низа здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларните болести, дијабетес и карцином. Големи количества арсен се откриени и во производите кои се базираат на ориз, се додава во студијата.

Арсенот во оризот доаѓа во текот на нејзиното растење поради индустриските отрови и пестицидите во земјата. Европската унија во јануари 2016 година го пропиша најголемото дозволено количество асен за да ја намали изложеноста на децата на овој тежок метал. Дозволено е до 0,1 милиграм арсен на килограм ориз.

Најголемиот проблем, кога станува збор за арсен во оризот е фактот дека многу прехранбени производи за деца и доенчиња содржат оризово млеко како замена за кравјото млеко. А тоа е најчувствителната популација. Податоците во стручната литература за присутноста на арсенот докажуваат дека вафлите, крекерите, обландите, крекерите и колачињата од ориз може да содржат големи количествата аноргански арсен поради што моќе значително да ја зголемат прехранбената изложеност на доенчињата и на малите деца на овој хемиски спој.

Истражувањето покажало дека модерната храна за децата содржат 70 отсто повеќе акриламиди од пржените компирчиња, а оваа хемикалија се поврзува со оштетувањата на мозокот и со репродуктивни проблеми. Утврдиле и дека 60 отсто од производите со ознаката „BPA free“ биле позитивни на бисфенол А, индустриска хемикалија којашто се користи за изработка на пластика.

арсендецажитаркиоловопопуларнохрана