Минатиот месец бебе од Берово се заразило со опасната голема кашлица. Според информациите од Институтот за јавно здравје, во однос на вакциналниот статус, детето не е вакцинирано со вакцина која содржи компонента против голема кашлица, иако согласно возраста и редовниот Календар за имунизација подлежи на вакцинација. Привремено живеат во Скопје, а бебето е хоиспитализирано на Клиниката за инфективни болести. Дијагнозата е утврдена клинички.
Минатиот месец биле регистрирани и 4 случаи на заразни заушки. Во однос на вакциналниот статус на заболените, едниот e вакциниран, а три лица не се вакцинирани. Дијагнозата кај три случаи е поставена клинички, а кај еден лабораторски.