Зрачењето на мобилните предизвикува ДНК промени!?

212

Двочасовна изложеност на електромагнетните полиња на фреквенцијата на мобилните телефони кај глисти предизвикала општ стрес на организмот и промени во ДНК, покажува истражувањето на францускиот професор Жан Пол Бурдиноа и неговите соработници од Хрватска.

До овој резултат истражувачкиот тим дошол откако глистите од типот Eisenia fetida ги изложил на одредена фрекфенција на електромагнетните полиња од 900 мегахерци, што е исто на зрачењето на мобилниот телефон.

Со тоа, професорот Бурдино смета дека докажале оти зрачењето го предизвикува оксидативниот стрес  во ткивото на глистите и дека предизвикува зголемена концентрација на слободни радикали во споредба со концентрацијата кај глистите кои не биле изложени на фрекфенцијата на мобилните телефони.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.