ЗПЛРМ реагира за дежурање на матични лекари во Брза Помош
По Кочани и Неготино, министерството за здравство планира матични лекари да дежураат во Брза помош и во другите градови ако недостигаат доктори во службата 194. На ваквата идеја реагираат од Здружението на приватни лекари. Сметаат дека Здравствените домови лошо менаџираат. Ако немаат кадар не требало да праќаат лекари од Брза помош на специјализација и според правилникот на Фондот прво да го искористат нивниот капацитет од специјалистите за вакцинација, медицина на труд и други специјалности, па потоа да бараат помош од матичните.
-Според законот за работни односи, кој се однесува и за лекарите од Брза Помош секој докторр ако дежура после 2 дена е слободен. Овде е проблем ако дежура некој матичен, на пример во вторник работи двократно и вечер треба да дежура и во среда повторно треба да си ги прифати матичните пациенти. Замената ако ги прифати има 100 пациенти и 100 пациенти од оној кој дежурал , кој е во можност да прегледа 200 пациенти во еден работен ден и да не направи ниедна грешка, изјави д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ.
Од министерството за здравство вратија дека матичните лекари во договорите имале обврска по потреба да работат 24 часа, а не само до 20 часот.
Инаку јавноста сеуште е во дилема дали ќе се плаќаат и навреме ли ќе ќе добиваат здравствени услуги од екипите на Брза помош по најавите на министерот за можно јавно приватно партнерство во службата 194. За евентуална приватизација на овој витален сегмент во здравството ќе се прави физибилити студија, по што надлежните ќе одлучат дали и како овој модел ќе функционира во пракса.