Зошто жените живеат подолго од мажите?

Научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Токио спровеле студија која покажала дека тајната за договечноста кај жените е во имунолошкиот систем. Кај жените тој побавно старее за разлика од мажите. Разликата во имунолошкиот систем лежи во Б-клетките кои лачат антитела и Т-клетките кои го штитат организмот од инфекции. Овие клетки кај мажите се распаѓаат побрзо отколку кај жените – што објаснува зошто мажите се повеќе подложни на инфекции од жените. Како што пренесува Daily Mail, јапонките се најдолговечни жени во светот, со животен век од 87 години, додека кај мажите тоа е 79 години. Кај мажите животниот век никогаш не е над 80 години, за разлика од жените каде таа бројка е постигната во повеќе од 40 земји.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.