1. Ги зајакнува коските
Жените кои пијат две чаши пиво дневно имаат појаки коски од оние припаднички на понежниот пол кои не уживаат во овој алкохолен пијалак. Ова е резултатот од истражување спроведено од страна на медицинскиот Национален колеџ во американската сојузна држава Орегон, објавено во магазинот „National Medicine Journal“.
2. Изобилува со витамини и минерали, штити од разни воспаленија
Пивото е одличен извор на витамини и минерали како што се магнезиум, калциум и селен, кои го штитат телото од сезонски болести. Покрај тоа, содржи и бројни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот на организмот.
Пивото е продукт кој рамноправно се носи со другите здрави намирници со горчлив вкус, како маслиновото масло, спањак или блитва.
3. Позитивно влијае на кожата
Пивото е одличен извор на витамин Б комплекс, кој е задолжен за убава кожа. Помага во одржувањето на мускулите и му дава енергија на целото тело.
4. Го „убива“ уморот
Појавата на умор, меѓу другото е поврзана и со недостатокот на железо во крвта. Тоа тешко се апсорбира од храната, па треба да се внесе на други начини. Темното пиво е добар извор на овој минерал, а дејството на алкохол може позитивно да го реши и проблемот со несоницата.
5. Го штити срцето
Умереното пиење на пиво ја зголемува количината на добриот холестерол и го намалува нивото на лошиот, ја разредува крвта и на тој начин ги намалува ризиците од срцев удар.
Едно италијанско истражување докажало дека жените кои пијат едно пиво дневно имаат 42 отсто помали шанси да добијат некое кардиоваскуларно заболување, за разлика од оние кои не пиеле алкохолни пијалаци воошто.
6. Хидратација
Шпански научници од Универзитетот во Гранада докажале дека пивото подобро помага во дехидратацијата за разлика од обичната вода, кога телото ќе добие голема температура, што е случај кај сериозните рекреативци и професионалните спортисти.