Зошто жените сакаат силни момци?

Научници од австралискиот Грифит универзитет спроведоа истражување на тема – какви мажи посакуваат жените најмногу.

Испитувањето опфатило 150 Австралијанки, и тие требало да разгледаат најразлични фотографии и да ги оценат луѓето според привлечноста. Се покажало дека жените ги привлекуваат силни, високи момци, атлетски градени, но претпочитаат да бидат и слаби.

Мажите коишто на слика изгледаат силни, добија повисоки оценки. На второ место по привлечност се слабите и високи момчиња.

Заклучокот од анкетата гласи дека жените и натаму избираат мажи за кои сметаат дека би можеле да се грижат за нив.

Едно претходно истражување пак, спроведено во Универзитетот на Пенсилванија, покажа дека Американките сакаат ќелави мажи.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.