Зошто жените носат помал број фармерки?

Повеќе од половина жени имаат „skinny“ фармерки во плакарот со надеж дека еден ден ќе ги облечат, а 40 отсто од нив имаат проблеми со облекувањето на претесни фармерки.

Милион жени од делот на светот носат претесни фармерки и тоа не сакаат да го признаат, а 40 отсто од нив се мачат со облекување на омилените фармерки, кои им се претесни, покажа студијата на британската компанија StyleCard, спроведена на повеќе од 1000 жени.

Според ова истражување, голем број жени имаат проблем со признавање на фактот дека им е потребен поголем конфекциски број, пишува „Дејли Мејл“.

Околу 87 отсто од жените фармерки носат барем еднаш неделно, а во просек имаат осум пара фармерки. Дека фармерките се омилена женска облека покажува и фактот дека 60 отсто редовно ги носат на работа. Од десет жени, шест од нив има проблеми со пронаоѓање идеални фармерки кои ќе им одговараат како што замислиле, покажа анкетата.

Фармерки во просек чинат околу 30 евра, но секоја десета жена за нив ќе издвои и 100 евра. Сепак, бидејќи просечниот животен век на фармерките е од пет до десет години, поголемиот дел од жените сметаат дека тоа е добра модна инвестиција.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.