Зошто успешните мажи помалку уживаат во сексот?

168

Најновото истражување покажува дека успешните мажи кои заработуваат повеќе од своите партнерки, помалку уживаат во сексот. Наспроти тоа, околу 56 отсто од испитаните мажи за магазинот „Тајм Мони“, чии плати се помали од тие на нивните сопруги, повеќе уживаат во сексот и сексуалниот живот го опишуваат како одличен.

Во обратна ситуација, кога мажот носи повеќе пари дома, за нив сексот е одличен во 44 отсто случаи, а повеќе се незадоволни оние кои прегоруваат на работа, поради што сексот им е во втор план.

Советничката за врски, Џејн Хана Еделшеин за „Дејли Мејл“ изјави дека веќе е познато дека стресот е причина за многу проблеми, па истото важи и за сексуалниот живот.

Во односот со работата и подобриот сексуален живот, додава дека се покажува како добра комбинацијата кога двата партнери работат со еднакво темпо и еднакво заработуваат. Тогаш им е полсно да ги усогласат сите други животни обврски и задоволства.

Студијата спроведена на 1.010 мажи и жени на возраст над 25 години, покажува дека 90 проценти од мажите кои заработуваат помалку од своите сопруги сметаат дека имаат среќен брак, а кај мажите кои заработуваат најмногу во своето семејство, тој број е за 15 отсто помал.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.