Зошто урмите се супер храна?
Здравствените бенефити се многу широки, а ова се осумте најважни:
1. Богати се со железо: Урмите се одличен извор на железо, и баш поради тоа им се препорачуваат на деца и луѓе кои патат од анемија.
2. Спречуваат дијареа: Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го стимулира развојот на добрите бактерии.
3. Лечат запек: Освен што спречуваат дијареа, урмите го решаваат и проблемот со запек.
4. Ја чуваат витката линија: Ако сакате да спречите натрупување масни наслаги, потрудете се секој ден да изедете по неколку урми на празен стомак. Но, внимавајте да не претерате со урми – преполни се со шеќер.
5. Го регулираат холестеролот: Урмите докажано го стабилизираат нивото на лошиот холестерол, така што ги чистат крвните садови.
6. Го зајакнуваат срцето: Редовното консумирање урми ја спречуваат појавата на атеросклероза, главен причинител за срцев удар.
7. Го регулираат крвниот притисок: Ако патите од хипертензија, слободно јадете урми, бидејќи содржат натриум, а богати се и со калиум. Исто така, 6 урми содржат речиси 80 мг магнезиум, кој е многу здрав за крвотокот.
8. Спречуваат мозочен удар: Благодарение на калиумот кој го содржат, урмите можат да спречат мозочен удар, доколку ги консумирате редовно.