Зошто трудниците посакуваат кисели краставички и сладолед?

 

Желбите на бремените жени се појавуваат најчесто од 12. до 14. недела од бременоста, односно кога се смируваат мачнините. Само десет отсто од бремените жени чувствуваат неодолива желба за овошје и зеленчук, а најчесто сепак се работи за желба за брза храна и слатко.

Желбата за солена и масна храна почесто се јавува во вториот и третиот месец, отколку во првиот. Причината за тоа е зголемување на волуменот на крвта во бременоста, па воедно е поголема и потребата за солена храна.

На почетокот на бременоста на жената најчесто и одговара кисела храна, така што консумирањето на кисела зелка, кисели краставици не е мит, туку овие работи навистина се предмет на уживање на многу бремени жени.

Иако со сигурност не може да се утврди која е точната причина на желбите на бремените жени, најчестото објаснување е дека во телото на бремените жени недостигаат некои од хранливите материи, а желбата за слатко најчесто сладолед може да укажува на недостиг на калциум и маснотии.

Исто така менувањето на хормоните во текот на бременоста ја менува досегашната перцепција на вкус и мирис на некои продукти, така што не е ништо чудно ако некои продукти кои жените ги консумирале пред бременоста, во текот на бременоста да не можат ниту да ги помирисаат.

Секако на бремената жена треба да и се исполнуваат желбите, но сепак битно е таа да биде умерена. Помали оброци, доволно овошје и зеленчук треба да бидат секојдневие. Познато е дека продуктите кои бремените жени најчесто ги сакаат имаат многу масти, соли, шеќери и секако, калории, а прекумерната телесна тежина може да доведе до гестациски дијабетес, прееклампсија и многу други потешкотии. Сето тоа е доволна причина за умереност во нездравата храна и пијалаци.

Кога имате огромна желба за некоја храна, обидете се да се залажете себеси со некои од следните здрави замена. Цедени овошни сокови, јогурт во кој сте додале овошје и малку мед, сите видови овошје и зеленчук, пуканки наместо чипс.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.