Зошто треба да јадете по малку благо секој ден?

Оние кои секојдневно јадат колачи, чоколадо или десерт немаат поголем ризик од срцеви заболувања, дијабетес или дебелеење во спроедба со оние кои јадат благо еднаш неделно. Ова го покажала студијата на американското здружение на слаткари кои истражувањето го направиле со следење на 5 000 луѓе. Не нашле поврзаност меѓу редовното јадење на слатки и лошото здравје. Индексот на телесна тежина не е поврзан со тоа колку често јадат благо туку со вкупниот внес на калории во текот на денот. Умереноста е клучот и секако важно е дали јадат мало или големо чоколадо. Научниците велат нема поврзаност со секојдневното јадење на десерти и високиот холестерол. Според американскиот институт за канцер, слатките сочинуваат само 2 % од вкупниот калориски внес во организмот, односно околу 44 калории дневно. За разлика од слатките, велат дека поопасни по здравјето се заситените масти, брзата храна и благите сокови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.