Зошто треба да јадете киноа?

 

Таа припаѓа на семејството Chenopodium, кон кои кој припаѓаат и спанаќот и цвеклото. Киноата е едногодишно растение кое се одгледува на Андите во Јужна Америка. Подоцна оваа култура почнала се одгледувала и на други планински масиви, а по одобрување на Далај Лама, почнала успешно да се одгледува и на Хималаите и Тибет. Се покажало дека киноата може да расте и на почви кои порано припаѓале на џунглата, па дури и на морските брегови.

Киноата во последниве неколку години рапидно си ја зголемува популарноста меѓу приврзаниците на здравата исхрана, на кои им се важни нутритивните вредности на консумираната храна.

Оваа „псевдожитарка“ присуствува на сѐ повеќе трпези, бидејќи се подготвува многу брзо и лесно се комбинира со најразлични јадења. Најчесто служи како замена за ориз и тестенини.

Кои се здравствените придобивки од киноата?

Киноата го снабдува човековиот организам со многу повеќе антиоксиданси од која било друга житарка користена во безглутенските диети и носи многу здравствени придобивки, а консумирањето на киноа може да го намали ризикот од појава на:

  • Кардиоваскуларни болести;

  • Дијабетес тип 2;

  • Хемороиди;

  • Запек;

  • Висок крвен притисок;

  • Рак на дебелото црево;

  • Прекумерна тежина.

Хемиската анализа покажала дека киноата ги содржи сите неопходни за човекот аминокиселини(околу 20 видови) и може да се каже дека е комплетна замена за месото. Што е од особена важност за вегетаријанците.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.