Зошто треба да испиете чаша расол веднаш?

5 причини да го направите тоа

Расолот не е многу популарен меѓу помладата популација, додека постарите го пијат често и без проблем.

Колку и да не ви се допаѓа овој би го нарекле напиток, сепак овие пет причини во продолжение ќе ви помогнат да се предомислите:

 

1.Го јакне имунитетот

Во текот на зимските месеци кога бактериите и вирусите владеат, расолот е идеален за создавање имунитете. Богат е со витамин Ц, витаминБ, калциум, магнезиум, железо и цинк, кои се само дел од витамините што се кријат во оваа течност.

2.Ја регулира столицата

Имате проблем со цревата и немате редовна столица? Чаша расол може да го реши и тој проблем. Добрите бактерии кои се создаваат во расолот во текот на ферментацијата, помагаат за баланс на цревната флора.

3.Ги јакне коските

Витаминот К2 е од исклучителна важност за нашите костки. Тој ги активира протеините кои ја помагаат апсорбцијата на калциумот, кој пак ги храни коските. А расолот е богат со К2, што е уште една причина повеќе да почнете да пиете расол. Не ви е доволно? Прочитајте ги и останатите две:

  1. Го потпомага слабеењето

Расолот е нискокалоричен, а истовремено содржи многу витамини и влакна, па делува и како пробиотик. Затоа е одличен додаток во исхраната и во текот на диета. Расолот може да ви замени еден меѓуоброк и да ги редуцира нездравите маснотии.

  1. Го ублажува мамурлукот

Ако ви се случило да испиете повеќе, чаша расол е она што ви треба. Експресно ќе ги надокнади изгубените електролити и ќе ви помогне во хидратација на организмот.

Коментари

коментари