Зошто треба да ги чувате млечните заби на вашите деца?

176

 

Студија од 2003 година покажала дека млечните заби се богати со матични клетки, кои се како протоклетки кои потоа можат да се одгледаат во повеќе видови на клетки, доколку е тоа потребно.

Ова значи дека подоцна во животот, доколку на детето му е потребно ткиво за замена од било која причина, матичните клетки од нивните млечни запчиња можат да бидат употребени за создавање на потребното ткиво. Навистина неверојатно!

Како можност, практиката на зачувување на млечните заби може да спаси животи и да се користи во лекувањето на многу болести.

Значи, ако мислевте дека размената на парички за запчето на вашето бебе е интересно, уште поинтересна е можноста од него да се добие било каков вид на ткиво, од срцеви до мозочни клетки кои можат да се искористат за поправка на оштетените ткива.

Но, има еден проблем: бебешките заби треба да се чуваат свежи. Во спротивно, ништо од матичните клетки бидејќи со текот на времето тие ќе ја изгубат својата моќ.

Едноставно, чувањето на млечните заби на вашето дете во кутија нема да биде доволно.

Наместо тоа родителите во некои земји имаат можност да користат услуги на сервиси од типот на Store-A-Tooth кадешто млечните заби се чуваат и се замрзнуваат во течен азот и на тој начин матичните клетки ќе останат во добра состојба и ќе бидат употребливи со години.

Ако подоцна во животот, детето, кое тогаш може да биде веќе возрасен човек, доколку има потреба, може да ги подигне своите заби од сервисот во кој тие биле депонирани од неговите родители и да му ги достави на својот лекар.

Изгледа дека старите верувања во моќта на млечните заби, навистина имаат основа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.