Зошто треба 5 до 15 минути да ги држите нозете кренати на зид?

196

Даниел Зицкл од RunnersWorld.com e љубителка на необични техники за опоравување од вежбање, меѓу кои и држењето на нозете кренати на ѕид. Кога ја открила оваа техника ја повикала Ронина Лалондеа инаку тренер по трчање, со цел да ја праша кое е нејзиното стручно мислење за оваа техника.

– Најдобрата работа кај оваа вежба е опоравувањето по трчањето. Се што треба да направите е да најдете ѕид, да се доближите со задницата до ѕидот, да ги подигнете нозете, да ги раширите рацете од двете страни на телото и да се опуштите. Во таа положба треба да останете од 5 до 15 минути, објаснува Даниел.

Кои работи таа ги научи благодарение на оваа вежба?

Придонесува за олеснување на долниот дел од телото и поволно делува на течностите во телото

– За една вака едноставна вежба, придобивките се огромни, вели Даниел.

Официјалното име за оваа поза е Viparita karani, што во превод би значело „обратна акција“. Лалондеа вели дека оваа вежба најдобро е да се прави 30 минути по тренингот.

– Вежбата е одлична бидејќи го олеснува долниот дел на телото, ја поттикнува циркулацијата и овозможува правилен распоред на течностите во телото.

Го поправа држењето

– Држењето не ми е толку лошо, но сепак секој ден седам пред компјутер и многу се расположив кога Лалондеа рече дека оваа вежба ќе ми го поврати телото назад. Во тоа и самата се уверив кога по две недели забележав дека рамениот појас повторно ми се отвори.

Го смирува умот

– Лалонде вели дека во времето додека ја изведувам оваа поза треба да  дишам длабоко и ритмично, наместо да сурфам по интернет или на социјалните мрежи. Зависна сум од тоа, па сфатив дека токму тие 15 минути медитација чудесно делуваат на мојот ум. Ништо не е толку итно и не морам постојано да сум толку достапна, појаснува Даниел.

преземено ид idividi.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.