Зошто стравуваат мажите со накривен пенис?

276

Кај овие мажи ризикот од рак на тестиси е поголем за 40%, од меланом за 29% и од рак на стомак за 40%.

Научниците од Тексас велат дека за ова би можело да биде одговорен генот што влијае на обликот на пенисот. Оваа состојба што се нарекува Пејрониев синдром, погодува 7% од машката популација.

Резултатите од истражувањето базирано на собрани податоци од 1,5 милион пациенти, биле презентирани пред Американското здружение за репродуктивна медицина.

Тимот стручњаци што го спроведе истражувањето нагласува дека мажите со Пејрониев синдром треба редовно да прават контроли за да се открие на време ако заболат од рак.

Британските научници, пак, сметаат дека треба да се направат понатамошни испитувања за да се поткрепи истражувањето.

Научниците од Тексас во истражувањето исто така ги споредуваат генетските анализи на татко и син со Пејрониев синдром. Открија дека двајцата делат комплет гени што создаваат предиспозиции за заболување од рак.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.