Зошто старите луѓе не ги разликуваат боите?
Повеќето луѓе со стареењето почнуваат да го губат видот. Нашите очи стануваат слепи при разликување на бои, но ние тоа не го забележуваме благодарение на мозокот кој работи прекувремено.
Научниците открија дека старите луѓе ја губат способноста да разликуваат бои, бидејќи дел од окото наречен конус рецептор станува неспособен да ги разликува боите. Но, другите делови на нашиот визуелен систем работат повеќе и така последиците се минимализираат.
Во студијата која ја подготви Универзитетот Ливерпул, експертите следеле 185 луѓе на возраст од 18 до 75 години кои боите ги гледаат нормално. Откриле дека изгледот на боите во очите на волонтерите не се променил.
Но, со тек на времето способноста за разликување нијанси на боите се намалува, посебно оние на жолто-сина основа.