Зошто стапалата во бременоста стануваат поголеми?

235

Повеќето жени по породувањето сакаат да се вратат на старата телесна тежина, но постои еден дел од телото, кој никогаш не се враќа во првобитната состојба, покажува едно амењриканско истражување.

Станува збор за стапалата, кои за време на бременоста можат да се зголемат за цел еден број. Истражувањата на оваа тема покажуваат дека, тоа е трајна промена. Истражувачите ги тестирале промените на стапалата кај повеќе бремени жени и тоа за време на бременоста, по породувањето и една година по породувањето.

Лекарите веруваат дека за време на бременоста лакот на стапалата се израмнува, веројатно поради дополнителната тежина и зголемената количина на воздух во зглобовите. Експертите со заклучок дека растот на стапалото е најверојатно трајна промена.

Интересно и дека најголемите промени на женското тело се случуваат во првата бременост, додека кај втората, третата и сите натамошни бремености нема толку големи промени, како што е  растот на стапалата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.