Зошто служат „конците“ на бананата?

Бананите се богати со калциум, но се и едно од омилените видови на овошје. Единствено што иритира на бананите се долгите тенки влакна кои сите имаме обичај да ги вадиме заедно со кората.

Но, тие делови од кората се многу важни и би требало да ги јадеме заедно со бананата, тврди докторот Николас Гилит, автор на истражувањето и директор на Институтот за прехранбена технологија ДОЛ.

Причината зошто тие влакна се важни се крие во нивното име – флоемски снопови.

Флоем е едно од двата вида транпортни ткива кои се наоѓаат во сите билки и овозможуваат хранливите материјали и другите супстанци да се распоредат долж бананата.

Кај бананата, токму тие „жили“ се причина поради која сите хранливи состојби допираат до целиот плод, што овозможува да прераснат во овошјето кое го знаеме.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.