Зошто секојдневно да јадете урми?

374

Ова се само дел од причините зошто треба да јадете урми редовно:

1. Го намалуваат холестеролот

Дали знаевте дека урмите се ослободени од холестерол и содржат малку масти? Вклучувајќи ги во помали количини во вашата секојдневна исхрана може да ви помогнат да го одржите нормалното ниво на холестерол, па дури и да влијае во губењето на тежината.

2. Богати се со протеини

Урмите се силен извор на протеини кои ни помагаат да останеме во форма, па дури и да ги задржиме нашите мускули цврсти. Луѓето кои се физички активни и спортуваат, потребно е да јадат неколку урми секој ден како дел од нивната дневна рутина.

3. Богати со витамини

Урмите содржат витамини како што се Б1, Б2, Б3 и Б5, како и А1 и Ц. Ако јадете по неколку урми секој ден, нема да треба да земате витамински додатоци. Не само што ќе ви го подобри здравјето, ќе има и забележителна промена во нивото на енергија, бидејќи урмите содржат природни шеќери како што се глукоза, сахароза и фруктоза. 

4. Го подобруваат здравјето на коските

Урмите се богати со селен, манган, бакар и магнезиум, и сите овие се потребни кога станува збор за одржување на нашите коски здрави и спречување на состојби како што е остеопороза.

5. Го зајакнуваат нервниот систем

Урмите се полни со калиум, а сепак содржат малку натриум, а тоа помага во одржувањето на нервниот систем. Калиумот помага да се намали холестеролот и го задржува ризикот од удар.

6. Богати се со железо

Освен од флуорот што ги задржува забите здрави, урмите исто така содржат железо, што е високо препорачливо за оние кои страдаат од дефицит на железо. Плус тоа е одлично и за прочистување на крвта.

7. Го подобруваат варењето

Ако консумирате неколку урми секојдневно, вашиот дигестивен систем ќе се подобри. Освен тоа, се препорачува за оние кои имаат проблем со запек.

8. Ја разубавуваат кожата

Витамините Ц и Д делуваат врз еластичноста на вашата кожа, а исто така ја одржуваат кожата мазна. Плус, ако страдате од проблеми со кожата, инкорпорирање на урми во вашата исхрана може да ви помогне на долг рок. Исто така, ја одржуваат кожата млада и ја спречуваат акумулацијата на меланин во вашето тело.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.