Зошто се неопходни овие правила за губење на килограмите?

 

Едно од најважните правила е зголемениот внес на протеини. Многумина сметаат дека овој совет се однесува само на оние кои редовно тренираат, но тоа не е точно. Внесот на протеини е важен за сите, бидејќи протеините ги хранат мускулите и се од најголема корист за истите.

Кога водите сметка за исхраната, треба да вклучите и физичка активност, која ќе биде во согласност со Вашите потреби и цели. Не мора секогаш да се форсирате со тренирање, но за добивање на оптимални резултати, гледајте да ги усогласите прехрамбените навики со вежбањето.

Една од важните правила е и спиењето. Квалитетниот сон помага во одржување на здрав метаболизам и здрав дигестивен систем, како и враќање на потрошената енергија во текот на денот. Затоа, најважно е да си обезбедите 6 до 8 часа сон дневно.

Кога сакате да ги истопите масните наслаги, внесувајте масти, но оние вистинските. Мастите кои се добри за организмот најчесто се наоѓаат во јаткастите плодови, како што се на пример бадемите, ореви и лешниците. Исто така, внесувајте маслиново и кокосово масло, кои се одлични за намалување на лошиот холестерол во крвта.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.