Зошто после пијанство е добро да јадете круши?
Австралиската научна агенција CSIRO објави резултати од истражување кое докажало дека крушите се добри за превенција на мамурлакот. CSIRO наведува и дека крушите го намалуваат холестеролот и делуваат антиинфламаторно.
Многу народни лекови и совети за спречување на мамурлакот бараат припрема пред консумирањето, што на многумина не им е на листата на приоритети кога ќе се разбудат со главоболки. Затоа сокот од круша се чини како едноставна помош во таа ситуација.
Научниците наведуваат дека крушите, а особено сокот од корејски круши ги намалуваат симптомите на мамурлакот.
Сепак, научниците додаваат дека ова се прелиминарни студии, па затоа предупредуваат дека не треба да се потпирате на истражувањето.