Зошто пивото има добар вкус и мирис?

263

Научниците открија зошто пивото има толку добар мирис и вкус. Квасецот во пивото успева да имитира мирис на овошје, за да привлече мушички и така да си обезбеди пренесување до друго тло погодно за размножување. Токму хемикалиите кои предизвикуваат такви мириси се клучни за вкусот на пивото и виното.

Истражувачот, Кевин Верстрепен рече дека две навидум неповрзани видови – квасец и мушички – имаат развиено интересна симбиоза врз основа на мирисот.

– Мушичките се хранат со квацес, а тој има корист од нивното движење, рече тој. Од соја квасецот зависи и разликата во вкусот на различните пива и вина.

Овие микроорганизми го јадат шеќерот во пијалакот и го претвораат во јаглен диоксид и алкохол. Ослободениот гас во лебот предизвикува растење на тестото, додека алкохолот испарува во текот на печењето.

Меѓутоа, во пивото и пенливите вина и алкохолот и јаглен диоксидот се задржуваат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.