Зошто новороденчињата се раѓаат со сини очи?

148

Бебињата најчесто се раѓаат со темносини или синосиви очи, а до првиот роденден тие се менуваат, можеби и неколку пати се додека конечно не се формира бојата која ќе ја имаат во текот на животот.

Бојата на ирисот (обоениот дел на окото) ја одредува бојата на пигментот меланин, кој се наоѓа во него, како и наследниот фактор.

Меланинот е пигмент, кој го прозведуваат клетките меланоцити, кои се наоѓаат во кожата, очите и косата, значи во деловите на телото чија „боја“ може да се разликува.

Бидејќи количеството меланин во очите на новороденчињата е мала, нивните очи се светли. Ако родителите не се синооки, бебињата во текот на првата година од животот мошне е веројатно дека ќе ја менуваат бојата на очите и тие ќе потемнуваат, создавајќи кафени пигменти.

Најчесто таа промена на бојата се случува меѓу шестиот и деветтиот месец, затоа што до тогаш во ирисот се собрани доволно пигменти кои ќе ја одредат бојата во согласност со генетиката. Во најголем број случаи, детето ќе ја има конечната боја на очите до деветтиот месец.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.