Многу луѓе, особено младите, немаат време да јадат нормален оброк и стекнуваат лоша навика да јадат „од нога“ и во одење. Меѓутоа, ваквата навика е многу штетна за организмот.
Иако, ви се чини дека успешно сте ги завршиле сите обврски и во целото тоа сте „успеале“ да вметнете и некој оброк во движење, вашето тело не е среќно поради ваквиот начин на живот и ќе ви го покаже тоа.
Седнувањето на маса за да изедете цел оброк во мир и спокојство не треба да биде резервирано за викендите или за специјални прилики, туку навика што треба да ја усвоите во вашето секојдневие.
Кога седиме, телото е многу поопуштено и со самото тоа се подобрува крвотокот во горниот дел од телото и тоа го одмара срцето.
Ако стоите и јадете, ги напнувате главата и рамената на напред, што не е добро за грбот. Но, кога седите, грбот е исправен, а тоа е корисно за здравјето гледано долгорочно.
Исто така, многу истражувања покажале дека кога јадете од седење внесувате помалку храна и подобро и подолго џвакате, бидејќи кога јадете „од нога“ и во движење, немате контрола колку храна внесувате со оброкот и немате чувство на ситост.