Зошто ни е потребно спиењето?

501

Кога спиеме, мозочните клетки работат многу вредно на отстранување на отпадот кој се собира додека сме будни.

За време на спиењето нашиот мозок работи многу повеќе од обновување за следниот ден, судејќи според резултатите на истражувањето на универзитетот Рочестер. Нашите мозоци можат да бидат зафатени со испирање на штетниот отпад.

Истражувачите проучувале мозок на глувци на кои им била вбризгувана флуоресцентна боја во цереброспиналната течност или ликвор. Еве што велат. Обрнете внимание на количината на активноста на сликата од левата страна. Тој глушец спие. Од десна страна е слика на мозок на глушец кој е буден. Неврологот Маикен Недергард ја предводеше студијата. Таа вели дека човечкиот мозок има две многу различни функции.

– Кога сме будни, мозочните клетки работат многу вредно за да ги обработат сите информации од нашето опкружување. Спротивно на тоа, кога спиеме, тие работат многу вредно на отстранување на отпадот кој се собира додека сме будни.

Истражувачите наведуваат дека тој отпад вклучува токсини одговорни за Алцхајмеровата болест и други невролошки нарушувања. Тие исто така утврдиле дека во текот на спиењето мозочните клетки се намалуваат што овозможува отпадот да се отстрани многу поедноставно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.