Зошто нема единствен лек за настинка?

131

Обична настинка е име со кое се опфатени над 200 различни вируси, а оваа честа и не многу опасна болест не може да се лечи.

Настинката е вирусна инфекција која ги напаѓа горните дишни патишта, вклучувајќи ја носната шуплина, крајниците и гласните жици. Децата можат да настинат дури и до 12 пати годишно, а тој тренд продолжува и подоцна кога се повозрасни.

Симптомите на настинката се кивање, болка во грлото и затнат нос. Кај малите деца вообичаена е и зголемена телесна температура.

Настинката е најзаразна во текот на првите три дена и се пренесува на сите со кои болниот ќе дојде во допир. Настинката во просек трае седум дена иако кашлицата може да продолжи неколку дена по излекувањето.

Постојат разни типови на вирус на настинка, а најопасни се тие кои брзо се размножуваат, развиваат и пукаат испуштајќи т.н. отров во дишните патишта, кој ги напаѓа здравите клетки.

И додека е можно да се лечат или барем да се намалат симптомите на настинка, единствен лек за оваа болест не постои, пишува Индепендент.

Причина за ова е настанувањето на нови вируси и забрзана мутација, што значи дека до времето додека се развие вакцината, таа повеќе не делува.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.