Зошто некои пушачи добиваат рак, а некои не?

185

Сите пушачи се свесни дека со секоја запалена цигара го зголемуваат ризикот за појава на рак на белите дробови, но многумина од нив, за среќа доживуваат длабока старост. Како е тоа можно? Од друга страна, има и такви кои заболуваат по многу кусо време кое го поминале како пушачи, пишува Нешнл Џеографик.

Американските научници се заинтересирале зошто е тоа така, па спровеле истражување кое покажало дека во тоа голема улога игра генетиката.

Имено, тие веруваат дека пушачите кои живеат долго имаат специфични „гени за долговечност”, кои ја намалуваат веројатноста за развој на канцер за дури 11 отсто. Исто така, благодарение на нив, клетките полесно и побрзо се обновуваат, а стареењето и ефектите од пушењето се успоруваат.

Бројките кои неодамна ги објави Светската здравствена организација покажуваат дека цигарите сепак убиваат околу половина од вкупниот број на луѓе кои пушат.

СЗО затоа потенцира дека цигарите се една од најголемите закани за здравјето на луѓето со која некогаш сме се соочиле и дека годишно од последици од пушењето умираат околу шест милиони луѓе.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.