Зошто некои луѓе можат се да јадат и да бидат слаби?

Истражувачите го пронајдоа генот кои овозможува побрзо разбивање на јагленохидратите, а познато е дека луѓето „благодарение“ на нив најмногу се дебелеат.

Генот го нарекоа Аткинс според авторот на познатата диета, а официјалното име е AMY1.

Генот создава ензим кој се наоѓа во плунката и почнува со разградување на скробни намирници како што се чипсот или оризот.

Истражувањето покажа дека луѓето кои имале повеќе копии на генот, па со самото тоа и повеќе од споменатиот ензим, се послаби.

Иако е нормално гените да бидат во двојка, некои луѓе имаат само една копија на ген, а други две, три или дури повеќе. Во случајот на генот AMY1 можно е да се има по 20 примероци.

„Нејчр Џенетикс“ пренесува дека луѓето со помалку од овие гени потешко ги разградуваат јагледнохидратите и затоа лесно се дебелеат. Иако не е сосема јасно на кој начин делува, една од можностите е дека несварениот скроб се храни со цревна бактерија, па луѓето потешко слабеат.

Научниците од лондонскиот унивиерзитет заклучуваат дека поради тоа во иднина најдобрата можна исхрана би требало да се составува за секој поединец одделно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.