Зошто не треба да им давате на децата сируп од метална лажица?

198

Ако на детето му давате сируп од лажица веројатноста е за 50%поголема дека му давате премногу или помалку од лекот за разлика од користењето на шприцот со наведени дози, тврдат научници од њујоршкиот универзитет. Тие откриле дека еден од тројца родители не му ја дава на детето потребната и точна доза на лекот пропишана од лекарот, пишува Daily Mail.
Давање погрешна доза е потенцијално опасна за здравјето, без разлика дали тоа предизвикува предозирање или пак помали дози што создава отпорност и не доаѓа до елиминирање на болеста. Научниците тврдат дека дури и возрасните не треба да се потпираат на мерење на лекови со лажица, туку да ги користат приложените дозерки. Ова е особено важно кога се даваат антибиотици или лекови за пониска температура.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.