Зошто не е добро да спиете на памучна навлака за перница?
Интересно, но дали знаете зошто треба да се избегнуваат памучните навлаки за перници? Ви откриваме во продолжение…
Ја уништуваат косата
Ако се разбудите со замрсена и разлетана коса, можете да и се заблагодарите на својата перница.
Памукот апсорбира влага, која на крајот може да ја исуши косата и да предизвика кршење на влакната.
Од друга страна, свилата и сатенот ја задржуваат влагата и природните масла на косата, што ја прави мека и нахранета. Ова важи за сите видови, а особено за кадравата коса.
Појава на брчки
Мора да сте забележале дека навлаките за перници од памук може да остават траги, линии на вашето лице о зависност од положбата во која сте спиеле.
Во текот на ноќта, на навлакаа се создаваат разни набори кои се вдлабнуваат во кожата предизвикувајќи брчки.
Покрај тоа, како што веќе споменавме, памукот ја апсорбира влагата од косата, па можете да замислите што и прави на нашата кожа!
Свилата и сатенските навлаки за перници имаат мазна површина која е нежна кон кожата
Се разбира, ова не значи дека мора да ја менувате цела постелнина, доволно е само да купите нова навлака за перница. И онака спиењето во свилена постелнина е доста непрактично и се лизга телото.
Свилата и сатенот се ладни, што е предност во летните месеци.
Ако пак не сте во можност да купите свилена навлака, заштитете ја косата така што ќе ја завиткате во свилена марама или шал кои ќе го спречат триењето во текот на ноќта и неуреден изглед наутро!, пишува Космополитан.