Зошто не е добро да бидете амбициозна мајка?
Мајките, кои ги оптоваруваат децата со активности и го контролираат секој дел од нивниот живот, предизвикуваат големо незадоволство кај децата.
Група научници извршиле експеримент над повеќе од 2.000 деца од предучилишна возраст за време на играта со мајките. Научниците дошле до заклучок дека амбициозните мајки им го наметнувале на децата начинот на игра и не им давала можност сами да одлучуваат, а исто така одредувале што и како ќе се прави.
Професорка од Универзитетот Мизури изјави дека мајките навистина веруваат дека им помагаат на децата и не сфаќаат дека на тој начин ја задушуваат нивната креативност. Во тие моменти децата не сакаат да го поминуваат времето со мајката, бидејќи доживуваат фрустрација и незадоволство.
Таа истакнува дека децата се среќни кога имаат можност сами да донесуваат одлуки, посебно за секојдневната игра и забава.
Децата биле помалку чувствителни кога мајките ги насочувале на понежен начин.