Зошто наутро сме полесни на вага отколку навечер?

252

Дали се мерите редовно? Ако да, сигурно ви се случило да се воодушевите со бројките на вагата кои биле помали од оние со кои сте заминале на спиење. Наутро тежиме помалку отколку навечер, а позади таа појава стои научно објаснување, пишува Бизнис Инсајдер.

Цел ден јадеме, пиеме, – секогаш нешто се случува. А во текот на ноќта телото добива можност да го обработи се она што сме конзумирале во текот на денот. Ја согорува енергијата и губи атоми на јаглерод додека дишеме. Исто така, поголем дел од она што губиме отпаѓа на вода. Таа излегува од телото кога издишуваме, а ја губиме со потење во текот на ноќта.

Комбинацијата на сето тоа, наутро во просек не прави полесни за половина килограм до килограм и половина. Затоа утрото е одлично време за поттикнување на самодовербата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.