Зошто на есен повеќе јадеме и се дебелееме?

135

Есенската депресија ни носи зголемен апетит. Всушност, медицинскиот термин е сезонско афективно нарушување. Претставува форма на депресија, која настапува во есен и зима, откако за најлоши месеци се сметаат октомври и ноември.

Познато е дека депресивните состојби предизвикуваат нарушување во комуникацијата меѓу невроните, што се должи на нерамномерноста на трите вида хемиски соединенија во мозокот – норепинефрин, серотонин и допамин, кои ги емитуваат електричните сигнали помеѓу клетките. За да се постави дијагноза на сезонско афективно растројство, потребно е да има присуство на карактеристични симптоми во текот на последните две години во наведеното време, откако во пролет и лето тие недостигаат.

Во 1987 година Американската психијатриска асоцијација официјално ја регистрира оваа душевна состојба како сезонско афективно растројство.

Оваа форма на депресија е поврзана со недостаток на природна сончева светлина, што пак доведува до намалени нивоа на хормони на среќата – серотонин и ендорфин. Од друга страна, помалку витамин Д се синтетизира во нашата кожа, што нè прави особено чувствителни и нервозни.
Намаленото количество на природна светлина, исто така, доведува до зголемување на количината на хормонот на мелатонин, што е основен регулатор на цикличните ритми на човечкото тело. Тој е одговорен за спиење, телесна температура и чувство на глад, што го објаснува зголемениот апетит на есен.

Малиот број на сончеви часови и раното стемнување во текот на овој период го стимулира лачењето на мелатонин од епифизата, која достигнува максимум во тотална темнина.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.