Зошто мажите повеќе р’чат од жените?

296

До рчење доаѓа кога одредени меки ткива – како мекото непце, ресичките, делови од назалните патишта или коренот на јазикот – премногу ќе се опуштат и делумно ќе го блокираат воздушниот канал.

Телото притоа, се обидува да дише нормално, а зголемениот притисок во грлото предизвикува вибрирање на меките ткива кои се наоѓаат во близина на воздушниот канал.

Одредени фактори ја зголемуваат веројатноста дека некој поединец ќе рчи повеќе и посилно, но рчењето секако се влошува со текот на годините поради губење на мускулниот тонус.

Исто така, рчењето е поинтензивно кај лица со вишок килограми бидејќи вишокот на масно ткиво на вратот врши дополнителен притисок врз воздушниот канал. Тука се и настинките, пушењето, консумирањето алкохол, положбата на телото…

Дали мажите воопшто рчат повеќе од жените?

Бројките до кои дојдоа научниците во различни истражувања – варираат, но општиот став е дека припадниците на посилниот пол навистина повеќе рчат – се проценува дека дури третина мажи рчат, додека бројот на жените кои го имаат овој проблем во текот на спиењето е помал: само 1/5 од жените рчат.

Покрај причините кои ги набројавме, експертите се сложуваат дека постојат и биолошки фактори, а постојат и повеќе теории околу причината зошто жените почесто се жалат од рчењето на своите сопрузи, а не обратно.

Најчесто е тврдењето дека говорниот апарат кај мажите е поставен пониско и дека зазема повеќе простор. Тоа развило теорија дека доколку јазикот падне наназад, тој блокира дел од воздушниот пат, што предизвикува вибрации. Жените имаат помал орофаринкс, а поради тоа кај нив јазикот го блокира целиот воздушен канал, а поголема е веројатноста дека ќе се разбуди отколку што ќе зарчи.

Интересно е дека мажите почесто имаат апнеја и хипопнеја од жените. Постои теорија дека ждрелото на мажот не само што е поголемо отколку кај жените туку, во нивниот случај и величината на воздушниот канал се менува во зависност од положбата на телото, односно, од тоа дали стои или лежи.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.