Зошто мажите ќелавеат?

Не се само наследени гени причина за ќелавост. Најновата теорија на лондонски истражувачи објавена во списанието за пластична и реконструктивна хирургија е доста чудна. Поточно , тие сметаат дека на ќелавоста влијае гравитацијата. Емин Устинер естетски хирург од Анкара верува дека гравитацијата може да има големо влијание на овој проблем, бидејќи надолу ја повлекува коата од темето.

Кај помладите мажи на темето има доволно масно ткиво под кожата и таа е хидрирана и не прави притисок на фоликулите на косата. Но како што се старее, според устинер, се намалува нивото на тестостерон и кожата станува потенка иго зголемува притисокот врз фоликулите на косата.Како последица на тоа не може да се спречи загубата на коса а со текот на времето фоликулите стануваат помали и тоа влијае на прогресивно губење на косата, вели Устинер. Дека ова е ефект на гравитацијата го потврдува со фактот дека губење на косата се јавува во самиот врв на главата, каде што влијанието на гравитацијата е највисоко. Ушите влијаат на намалување на влијанието на гравитацијата и затоа мажите ретко ја губат косата околу ушите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.