Зошто маникирот е штетен по здравјето?
УВ лампите кои редовно се користат во салоните за маникир при украсување на ноктите со гел го зголемуваат ризикот од добивање рак на кожа, покажуваат најновите истражувања.
Експертите тврдат дека станува збор за SCC, односно карцином на плочкастите клетки, кој се смета за втор најчест облик на рак на кожа, кој се добива од постојано изложување на УВ зраци. Најчесто се појавува на рацете или околу ноктите.
Во САД годишно се регистрираат околу 700.000 вакви случаи, од кои околу 2.500 завршуваат со смрт.
Научниците додаваат и дека иако ризикот од заболување со изложување на рацете под УВ лампа е мал, воопште не е за отфрлање. Иако долго време се зборувало за штетното влијание на овие лампи врз здравјето, дури сега се извршени валидни истражувања кои тоа го потврдуваат, откако е познато дека тие предизвикуваат стареење на кожата и хиперпигментација.
На дамите им се советува да го избегнуваат маникирот за кој е неопходна употреба на УВ лампа, како и обврзна употреба на креми за раце со заштитен фактор доколку сепак се одлучат да прават ваков третман.