Зошто лошо спиете кога има полна месечина?

Швајцарски и стражувачи испитале 33 доброволци и дошле до заклучок дека  полна месечина негативно може да влијае на квалитетот на спиењето.
Истражувачите од Универзитетот на Базел ги објавиле своите наоди во списанието “Current Biology”, во која тие напишале дека сонот на испитаниците го контролирале во лабораториски услови и целосно затемнета просторија.
Истражувањето покажало дека на полна месечина многу тешко заспивале. Во тој период сонот им бил краток и наизменичен и потешко  влегувале во фаза на длабок сон.

Кај учесниците во истражувањето во ноќите на полна месечина бил озабележано и намалено количество на хормонот мелатонин, кој е поврзан со работата на т.н. внатрешниот часовник на организмот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.