Зошто лекарите повеќе сакаат слаби отколку дебели пациенти?
Лекарите со своето однесување а не само медицинскиот третман, можат вистински да влијаат на промената на начинот на живот. Како што пренесува Дејли Меил, научници го анализирале односот помеѓу 39 лекари и 208 пациенти. Заклучиле дека медицинскиот персонал со повеќе симпатија и почитување се однесувале кон пациентите кои биле слаби и со тенка линија за разлика од дебелите. Но, и односот на лекарите кои ги лекувале пациентите со прекумерна тежина бил многу професионален со правилна дијагноза и третман. Од друга страна нељубезноста кон дебелите влијала негативно на нивното здравје. Односно, недостатокот на симпатија може да ја намали ефикасноста на третманот . Според научниците лекарите се за да лекуваат и издаваат медицински наоди, но со нивното однесување можат сериозно да влијаат на промените на начинот на живот кај пациентите.