Зошто куркумата и шафранот делуваат против депресија?

153

Истражувањата покажуваат дека депресивните луѓе имаат високо ниво на хемикалии, кои укажуваат на зголемено воспаление во организмот. Антидепресивите, слично како куркуминот и шафранот, го снижуваат нивото на овие хемикалии, а со тоа се намалува и воспалението.

Истражувањето на психологот Лопрести, открило дека куркуминот делува подобро при атипична депресија. Лицата со таков вид на депресија се чувствителни на отфрлање. Тие се чувствуваат подобро кога има позитивни случувања во нивниот живот и може да имаат зголемен апетит. Овие симптоми не се присутни кај типичната депресија. Луѓето кои патат од атипична депресија повеќе патат од воспаленија во однос на оние кои патат од типична депресија. Според тоа антивоспалителната моќ на куркуминот е поефикасна кај атипичната депресија.

Куркумата и шафранот го зголемуваат нивото на серотонин и допамин, тоа се важни супстанции во мозокот, чие ниво обично е ниско кај депресивните луѓе.

Добрата страна на овие зачини е тоа што ублажуваат анксиозност, бидејќи го намалуваат лачењето на кортизолот, кој е важен хормон за појава на стрес.

За почеток, ако се чувствувате благо потиштено, можеби е добра идеја да додадете половина лажичка во јадењето, заедно со малку шафран и свежо измелен црн пипер. Црниот пипер е корисен бидејќи пиперинот во неговиот состав му помага на куркуминот за подобро да биде искористен во организмот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.