Зошто комарците не ги каснуваат сите луѓе?

449

Група научници од London School of Hygiene and Tropical Medicine (LSHTM) во својата студија објавена во списанието Plos One наведува дека го анализирале бројот на каснувања од комарци кај близнаци. Во истражувањето учествувале 18 монозиготни (еднојајни) и 19 дизиготни (двојајни) близнаци, а биле користени комарци коишто ја пренесуваат денге треската. Научниците ги ставиле во туба во форма на латиничната буква Y, така што инсектите можеле да ја одберат раката на близнакот која повеќе ги привлекувала.

Кај еднојајните, кај коишто генетскиот код е идентичен, немало разлика во бројот на убоди, но кај двојајните било утврдено дека комарците почесто напаѓаат еден или една од нив. Познато е дека дизиготните близнаци споделуваат 50 отсто од гените, но двајцата близнаци не биле подеднакво привлечни за комарците.

Ова истражување има важност бидејќи на научниците ќе им овозможи да откријат ефикасни средства за заштита од овој вид инсекти коишто со своите убоди пренесуваат болести како што се маларијата, денге треската и жолтата треска. Станува збор за болести коишто можат да бидат смртоносни, а истовремено пронаоѓањето на соодветен репелент би им бил од полза на чувствителните лица кај кои каснувањето од овие инсекти е проследено со силна алергиска реакција.

– Доколку успееме да ги сфатиме генетските механизми поради коишто на комарците некои лица им се попривлечни од другите, ќе развиеме и начини со коишто овие инсекти подобро ќе ги контролираме и полесно ќе ги бркаме од себе. Можеби наскоро ќе имаме и апче, со чија помош телото ќе успее да излачува сопствен репелент, со што ќе ги избегнеме разните масти и лосиони кои ги користиме сега“, заклучува во статијата шефот на истражувачкиот тим од LSHTM, др Џејмс Логан.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.