Зошто интернетот е опасен по здравјето на младите?
Според новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), драматичниот раст на користењето компјутери и социјални мрежи предизвикува хаос во здравјето на младите луѓе.
Истражувањето насловено „Прекумерна дебелина и појави поврзани со неа кај адолесцентите: трендови и нееднаквост во Европскиот регион на СЗО 2002-2014“ е базиран на резултатите од анкетниот лист што го пополниле над 200.000 деца во 42 земји.
Откриено е дека има континуирано нагло зголемување од 2002 до 2014 година во соодносот на деца и млади луѓе кои користат технологија два или повеќе часа секој работен ден за социјални мрежи, сурфање на интернет и за барање податоци за домашна работа.
Зголемувањето се бележи и кај двата пола, но кај девојките на возраст од 15 години па нагоре било три пати поголемо во воој период, а експертите за тоа ги обвинуваат социјалните мрежи.
Во анализата по возрасни групи е утврдено дека деца и на 11 години поминуваат премногу време онлајн.
Кога станува збор за користење компјутери, таблети или смарфони само за игри, меѓу една третина и две третини од децата поминувале два или повеќе часа секој работен ден на оваа занимација.