Зошто гризењето на ноктите е многу лоша и нездрава навика?

177

Гризањето на нокти е поврзано најмногу со стресот и нервозата. Стручен израз за оваа навика е онихофабија, а освен што ги уништува ноктите, може да доведе и до инфекции и напукнати заби.

Но, кога еднаш ќе почнете, тешко е да престанете со неа. Научниците гризањето на ноктите го категоризирале како пореметување кое се повторува. Лаички кажано ова пореметување е оддалеку поврзано со псесивно-компулзивните пореметувања кои луѓето ги користат несвесн за полесно да се справат со стресот.

Но, според новите сознанија, тоа не е едниствено што грицкањето на нокти го открива за вас. Според новото истражување објавено во Journal of Behavior Therapy and Experimental Psychiatry, тоа всушност е знак дека се перфекционист.

Истражувањрто било спроведено на 48 испитаници, од кои пола имале повеќекратено пореметување усмерено на телото. Сите покажале знакови на организационен перфекционизам, сите претерно го заморуваат телото со работа надвор од негови граници, претерано планираат и лесно се фрустрираат.

Испитаниците биле изложени на 4 ситуации кои требало да ги потресат, исфрустрираат, да им создадат досада и да ги опуштат. Сите кои го имале повеќекратното пореметување на телото го покажале своето специфично однесување кога се нервозни, вклучувајки го и гризењето нокти.

„Веруваме дека овие индивидувалци се перфекционисти, што значи дека не можат да се опуштат и да ги завршат обврските во мир. Тие се склони на фрустрации, нетрпеливост и незадоволство доколку не ги остварат своите цели“ објаснил авторот на студијата др. Kieron O’Connor.

Тие со негативните емовии се носат со гризењето на ноктите.

Околку 20% од луѓето покажуваат склоност на перфекционизам, а стресот кој произлегува од ова е причина за болести како хронична несоница, срцеви болести и предвремена смрт, покажалo 6 годишното истражување на универзитетот Trinity.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.